СРЕДБАТА КОЈА СО НЕТРПЕНИЕ ЈА ОЧЕКУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ – За што ќе разговараат ‘Султанот’ и Владимир Путин во Сочи: Објавени првите официјални детали од Анкара
Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин на претстојната средба во Сочи ќе разговараат за ситуацијата околу договорот за храна, најави главниот советник на претседателот на Турција, амбасадорот Акиф Чагатај Килиќ.
„Руската страна не објави дека целосно се повлекува од договорот за храна. Имаат услови. Во оваа смисла, гледаме дека е постигнат напредок во преговорите за некои точки за кои има несогласување. Има надеж. На самитот меѓу претседателите на Турција и Русија во понеделник ќе се разговара за неодамнешната ситуација. Ние сме претпазливи, но се надеваме дека ќе постигнеме успех“, изјави советникот на Реџеп Таип Ердоган во интервју за турските медиуми.
Како што додава, тема на договорот за храна е актуелната состојба за целиот свет.
„Кога Русија објави дека го прекинува учеството во договорот, цените на храната во светот веднаш почнаа да растат. Во исто време, постојат земји на кои им е потребна оваа храна. Ние дејствуваме заедно и во ОН и во ЕУ. Тука играме водечка улога. Добиваме интензивна поддршка од целиот свет во реализацијата на коридорот за храна“, вели Акиф Чагатај Килиќ.
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ќе се сретнат на 4. септември во Сочи. Кремљ потоа објави соопштение во кое се наведува дека лидерите ќе разговараат за развојот на заемно корисна билатерална соработка, актуелните меѓународни прашања.
За потсетување, договорот за храна истече на 18, јули, а Русија ги извести Турција, Украина и Обединетите нации дека е против неговото продолжување. Владимир Путин претходно изјави дека условите од договорот што се однесуваат на Русија не се исполнети, без оглед на напорите на ОН, бидејќи западните земји не планирале да ги исполнат своите ветувања.