Американскиот претседател Џо Бајден ќе се сретне со италијанската премиерка Џорџа Мелони во Вашингтон подоцна овој месец, соопшти Белата куќа.
Мелони, која ја предводи крајнодесничарската партија Браќа на Италија, ја презеде функцијата како прва жена премиерка на Италија во октомври минатата година.
Нејзиниот состанок со Бајден на 27 јули ќе опфати теми како војната во Украина, случувањата во Северна Африка и поблиската трансатлантска координација во однос на Кина, се вели во соопштението на Белата куќа.
– Тие ќе разговараат и за претстојното претседавање на Италија со Г7 во 2024 година, се вели во соопштението, пренесе ДПА