Средба Мишел-Брнабиќ: Реформите се клучни за Србија да напредува на патот кон ЕУ

 – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по средбата со српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека „од клучно значење е Србија да продолжи со реформите за да напредува на патот кон ЕУ“.

Мишел на Твитер напиша дека во разговорот со Брнабиќ јасно кажал дека е потребна итна деескалација на ситуацијата на северот на Косово и продолжување на дијалогот со Приштина под покровителство на ЕУ.

– Иднината на Западен Балкан е во ЕУ, истакна Мишел.

Брнабиќ во Брисел се сретна и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, комесарот за економија на Европската унија Паоло Џентилони, пренесе Бета.