ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ ОКОЛУ ТАЈВАН – Кина само за 24 часа испратила повеќе од 50 моќни борбени авиони

Министерството за одбрана на Тајван, островот за кој Кина тврди дека е нејзина територија, соопшти дека десетици кинески борбени авиони биле забележани во последните 24 часа околу територијата на државата.

Властите во Тајпеј апелираа до Пекинг да престане со своите провокативни акции.

Кина подигна 55 авиони“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Тајван и се додава дека околу островот пловеле седум воени бродови.

Новите авиони биле забележани еден ден откако кинеската Армија испрати 103 воени авиони кон Тајван во рок од 24 часа.

Министерството за одбрана на Тајван за одбрана соопшти дека тоа е неодамнешен дневен рекорд.

За потсетување, минатата недела Кина испрати поморска формација предводена од носачот на авиони „Шандонг“ во југоисточен Тајван.