Средба на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел 

 Министрите за одбрана на земјите членки на Унијата денеска на вториот ден од заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ, под претседателство на високиот претставник за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел ќе расправаат за прашања поврзани со безбедносните аспекти на блокот.  

Главна тема за расправа на заседанието на Советот, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ќе биде поддршката на Унијата за Украина, а министрите ќе дискутираат и за мисиите и операциите на Капацитетот за брзо распоредување на ЕУ (РДЦ) и за заедничката безбедносна и одбранбена политика и треба да ги одобрат и заклучоците за Вселенската стратегија за безбедност и одбрана на блокот.  

Заседанието ќе започне со неформален појадок на министрите за одбрана и високиот претставник на ЕУ, Борел со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на кој ќе се разговара за отпорноста на критичната инфраструктура на блокот во сенка на безбедносните инциденти во Балтичкото Море.  

Во рамки на заседанието ќе се одржи и седница на Управниот одбор на Европската агенција за одбрана на која министрите треба да ги одобрат Приоритетите за развој на капацитетите (ЦДП) за 2023 година и да разговараат за нивното спроведување, кои треба да служат како основа за сите одбранбени иницијативи и инструменти на ЕУ.  

Вчера на првиот ден од заседанието на Советот се одржа средба на министрите за надворешни работи на земјите членки, по што следуваше нивна средба со шефовите на дипломатиите на државите од Западниот Балкан. Земјава на министерскиот состанок ја преставуваше заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.  

Shefi i diplomacisë evropiane, Zhosep Boreli, sonte në Bruksel deklaroi se BE-ja dëshiron ta përfshijë Ballkanin Perëndimor në procesin e saj të vendimmarrjes, si për politikën e jashtme asht

Целта на министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан беше дополнително да се интензивира ангажманот на Унијата со шесте земји партнери од регионот – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, со акцент на заедничките безбедносни предизвици, како што се странско мешање и манипулацијата со информациите, кибер заканите и последиците од руската агресија врз Украина. 

Главни теми за расправа на средбата на европските министри беше ситуацијата во Израел, Појасот Газа и регионот на Блискиот Исток, руската агресија врз Украина, случувањата во односите на Ерменија и Азербејџан, како и надворешно политичка димензија на економската безбедност.  

На прес-конференција по средбата, високиот претставник Борел информира дека на министрите им предложил рамка за решавање на израелско-палестинскиот конфликт која се базира на три „Не“ и три „Да“ – „Не“ за принудно раселување и протерување на Палестинците од Газа, „Не“ за намалување на нејзината територија и израелската реокупација и „Не“ за враќање на Хамас и „Да“ за единствена палестинска управа што ќе има силна меѓународна поддршка, „Да“ за посилно арапско вклучување во изнаоѓањето сеопфатно решение за Палестинците и нивни политички придонес во создавањето на палестинската држава и „Да“ за поголема вклученост на ОН во регионот и во изградбата на палестинската држава.   

– Оваа голема загуба на човечки животи и на израелски и на палестински е неуспех на меѓународната заедница во изнаоѓањето на решение за оваа ситуација. Луѓето мора да сфатат дека решението е во две држави. Не се работи само за обнова на Газа, тоа го правевме неколку пати, туку и да изградиме држава на Палестинците, порача Борел. 

Министрите во заедничка изјава побараа итни паузи на непријателствата меѓу Израел и Хамас, отворање хуманитарни коридори за доставување неопходната помош на населението во Газа, изразија осуда на користењето на цивилите како жив штит и повикаа на итно и безусловно ослободување на сите заложници и на Црвениот крст да му се дозволи пристап до нив. 

Борел истакна дека е потребна поголема улога на ЕУ во регионот за да се пресече продолжувањето на спиралата на насилство и за таа цел во наредните денови ќе ги посети Израел, Палестина, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан.    

Во однос на Украина, Борел посочи дека земјата останува висока на агендата на ЕУ и фокусот не се одвлекува од неа и покрај случувањата на Блискиот Исток.  

– Знаеме дека (рускиот претседател Владимир) Путин одново сака да ги користи како оружје гладта и зимата, студот и храната. Намерно се напаѓаат енергетската и извозната инфраструктура на Украина, со што не се нанесува штета не само на земјата, туку и на целиот свет. Затоа мора да продолжиме со поддршката за Украина. Путин верува дека демократијата е слаба и дека ќе се откажеме, но мора да ми покажеме дека тоа нема да се случи, истакна Борел.

Потсетувајќи дека ЕК даде препорака за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ, Борел најави дека во рамките безбедносната посветеност на ЕУ, во Киев ќе замине делегација Унијата за да разговара со украинските власти за предлозите на Унијата за Механизмот за поддршката на земјата, кој ќе биде претставен во конечна верзија на Европскиот самит во декември. 

Përfaqësuesi i lartë i BE-së për politikë të jashtme dhe Siguri, Zhozep Borrell pas takimit të Këshillit të BE-së deklaroi se vendet anëtare kërkojnë armëpushim të menjëhhershëm ndërmjet Hama

Тој додаде дека ЕУ работи и на финализирање на 12-от пакет на рестриктивни мерки, што ќе биде предложен пред Советот заедно со предлогот на ЕК за регулативата за нивна имплементација, можеби уште утре. Тој пакет санкции, според него, ќе вклучи додавање на нови лица на листата на санкционирани, ограничување на одредени стоки, како дијамантите и намалување на јазот меѓу цените на нафтата.    

Во контекст на односите меѓу Ерменија и Азербејџан, на средбата станало збор за европската поддршка за Ереван и во зајакнување на безбедноста, отпорноста и демократија во земјата. Од тој аспект е разговарано за засилување на мониторинг мисијата на ЕУ во Ерменија, за можна визна либерализација за земјата и за стабилизација на државата.  

– Нашата порака до Азербејџан е јасна. Секое нарушување на територијалниот интегритет на Ерменија е неприфатливо и ќе има последици на нашите односи, порача Борел, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи со напорите за постигнување мировен договор меѓу Ереван и Баку.  

Министрите имаа средба и со претседавачот на ЦОП28, Султан Ал Џабер на која ја потврдија решеноста на ЕУ Конференцијата на ОН за климата да остане фокусирана на егзистенцијалната борба против глобалното затоплување и климатските промени со амбициозни одлуки и обврски.