Средба на првите луѓе на АД МЕПСО и ОСТ-Албанија

редба на првите луѓе на АД МЕПСО и ОСТ-Албанија

Енергетиката, стратешките инвестиции и интензивирањето на енергетските врски меѓу Р. Северна Македoнија и Р. Албанија, беа главните теми за разговор кои беа поставени на првата средба меѓу генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи и директорот на операторот на преносната мрежа на Албанија- ОСТ, Скерди Дренова.

Осврнувајќи се на динамиката на реализација на стратешките проекти, првите луѓе на АД МЕПСО и на ОСТ потврдија дека процесот на Market coupling е апсолутен приоритет за двете компании на кој ќе биде ставен главен фокус.

Средбата која беше оценета како исклучително конструктивна , беше искористена и за разгледување на можноста за идни соработки и активности поврзани со развој на електроенергетскиот сектор, одржување на редовни средби меѓу вработените во МЕПСО и ОСТ во Струга и Подградец како и knowhow- размена на знаења и искуства во интерес на двете држави.