Средба на претседателот Пендаровски со Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Пендаровски, е потврдено долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, кое се отсликува преку постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, а билатералните односи се карактеризираат со динамичен политички дијалог на високо ниво.
Пендаровски и Пич размениле мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, безбедносната ситуација во регионот и Европа во контекст на војната во Украина, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.