Средба на претставниците на Романија, ЕУ, САД и Молдавија за алтернативни рути за транспорт на украинско жито
– Претставници на САД, ЕУ, Молдавија и Романија денеска во источниот романски град Галац ќе разговараат за изнаоѓање алтернативни рути за транспорт на жито од Украина.
По средбата, прес-конференција ќе одржат романскиот министер за транспорт Сорин Гриндиану, шефот на Канцеларијата за координација на санкциите на САД Џим О’Брајан, украинскиот вицепремиер Олександр Кубраков, Магда Копчинска – директор за воден транспорт во Генералниот директорат за мобилност и транспорт, претставници на Европската комисија, како и министерот за земјоделство на Молдавија Владимир Боља.
Прес-конференцијата ќе биде посветена на извозот на земјоделски производи по солидарните коридори ЕУ-Украина.