Средба на Спасовски со претседателот на Советот на полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас

 Билатерална средба со претседателот на Советот на полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас, заеднички ги имплементираме најдобрите европски практики во полициското работење со Европскиот полициски синдикат. Дотолку повеќе што веќе заеднички ги носиме стратешките одлуки, како и тактичките и оперативни процедури, се со цел создавање на полиција вистински сервис на граѓаните и гарант на безбедноста, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Во таа насока тој ја истакнува и партнерската соработка, преку напорите на Советот на полициските синдикати на Европа и на сите пријатели и партнери кои учествуваа во подготовката на овој нов значаен стратешки документ, кој денеска се промовира.

– Подготвени сме за продлабочување на соработката со Советот на Европските полициски синдикати, а со цел да ги оствариме идеалите на новата Европска полиција. Република Северна Македонија ќе продолжи да биде релевантен и респектабилен партнер во регионалните и меѓународните безбедносни организации и интеграции, објави Спасовски на Фејсбук.

Претседателот на Советот на полициските синдикати на Европа, Рикардо Валадас, соопштија од МВР, нагласил дека му претставува особено задоволство што денеска имаа можност да остварат билатерална средба со министерот Спасовски, истакнувајќи дека во ЦЕСП имаме вистински партнер, како во обуки и експертиза, така и во  делот на остварување на демократските принципи во полициското работење а со тоа обезбедување на сигурноста и безбедноста на граѓаните.