СРЕДБА ОД КОЈА ‘ТРЕПЕРИ’ ЦЕЛИОТ СВЕТ – Владимир Путин оди кај Си Џинпинг во Кина

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, ќе се сретнат во октомври во Пекинг, кога ќе имаат детални билатерални разговори во рамките на учеството на меѓународниот форум „Појас и Пат“, соопшти и потврди денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

На средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Москва, Николај Патрушев порача дека Русија и Кина имаат еднакви или блиски ставови за фундаменталните прашања на современиот светски поредок и клучните меѓународни проблеми, пренесуваат руските медиуми.

Зборуваме и за основниот принцип на еднаква и неделива безбедност“, изјавил Николај Патрушев и посочил дека Москва го поддржува Пекинг за прашањата на Тајван, Ксинџијанг, Тибет и Хонг Конг.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, минатата недела изјави дека е можно Владимир Путин да се сретне со Си Џинпинг пред крајот на годината.

Претседателите на Русија и Кина последен пат се сретнаа во Москва во месец март.

Тоа беше прва посета на Си Џинпинг во странство откако беше реизбран за претседател на Кина.