Во фокус на разговорите беа можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, со посебен акцент на економските релации и бизнис врските.
“Економската соработка останува главен фокус на нашиот заеднички интерес. Пред нас се отвараат големи можности за зголемување на трговската размена и бизнис вмрежување. Вложуваме значителни напори во економската дипломатија и сме посветени во креирањето поволни услови за странските инвеститори”, рече Османи подвлекувајќи дека инвеститорите од Република Кореја во Владата на Македонија ќе имаат доверлив и транспарентен партнер за реализација на нивните потенцијални идни проекти.
На средбата беа стана збор и за актуелните безбедносни предизвици по руската воена агресија врз Украина, а воедно беше поздравена и соработката меѓу НАТО и азиските партнери, каде значителна улога има Република Кореја.
Потребата од збогатување на договорната рамка и зајакнувањето на мултилатералната соработка исто така беа теми на разговор, а се разменија мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања, соопшти МНР.