СРЕДЕ БЕЛ ДЕН – Вознемирувачки настан го шокираше светот: Со нож избодел непознат млад човек и му ги пробил белите дробови од неверојатна причина! (видео)

Мигрант од Ирак, Ребаз Мохамед (28 г.), кој пристигнал во Велика Британија илегално, беше осуден на шест години затвор по бруталниот напад во Саутемптон минатиот декември.

Тој извадил кујнски нож од палтото сред бел ден и го нападнал 18-годишниот студент Елис Вилер, кој се нашол на погрешно место во погрешно време додека шетал во парк враќајќи се од теретана, пишува The Sun.

Мохамед го нападнал затоа што сакал да биде депортиран назад во својата родна земја од Велика Британија.

На ужасната видео снимка се гледа како имигрантот му приоѓа на младиот човек непосредно пред бруталниот напад, накратко му зборува и го прашува дали знае кикбокс пред да замавне со ножот кон него. Вилер успеал да побегне по убодната рана што му ги прободела белите дробови, но се онесвестил пред итно да биде пренесен во болница каде што бил опериран.

Еден пријател кој повикал итна помош и го притиснал со раката на раната, всушност му го спасил животот, а судот за тој чин му доделил 250 фунти.

Мохамед, кој дошол во Велика Британија илегално и престојувал во хотел во Бурнемут, бил уапсен на местото на настанот и на полицијата и рекол дека ја нападнал својата жртва за да може да биде вратена дома во Ирак.

По овој настан, созволата за престој во Велика Британија на Мохамед му била продолжена за уште четири години за да може да ја отслужи затворската казна.