СРЕЌЕН КРАЈ: Спасени сите патници од хеликоптерот кој паднал во океанот кај Норвешка

Сите шест патници од хеликоптерот што се урна во Атлантскиот Океан кај Норвешка се спасени, соопштено е.

Веста за падот на хеликоптерот ја потврди и норвешката полиција.

Се уште не е позната состојбата на спасените патници.

Норвешката јавна телевизија НРК јавува дека неколку возила за итна помош се на местото на инцидентот западно од градот Берген.

Директорката на Бристу Норвешка Хајди Волф Хајмарк изјави дека хеликоптерот и припаѓа на компанијата која ги превезува посадите до нафтените инсталации во Северното Море.