РИЈАНА ТАЈНО ГО РОДИЛА СВОЕТО ВТОРО ДЕТЕ – Среќната вест ја криела речиси еден месец

Познатата пејачка Ријана и нејзиниот партнер, музичарот АШАП Роки добија второ дете. Пејачката тајно родила момче на почетокот на овој месец, пренесува магазинот TMZ.

Извори блиски до Ријана наведуваат дека таа се породила на 3. август во Лос Анџелес. Името на момчето сè уште не е познато, но се шпекулира дека најверојатно почнува со буквата Р.

Да потсетиме, пејачката веста за бременоста ја објави во февруари годинава, за време на нејзиниот настап на Супер Боул. Тие го добија своето прво дете во мај 2022 година, а момчето го доби името RZA Athelston Mayers.