Српска позната пејачка од 90-тите години пронајдена мртва во базен од куќа на Карибите: На масата оставила писмо…

Српската пејачка и поранешна учесничка на реалното шоу „Парови“, Вољенка Илиќ (51 г.) е пронајдена мртва во базен, а постои сомнеж за самоубиство, пренесуваат српските медиуми.

Проштално писмо било пронајдено и на масата во куќата во Доминиканската Република во која живеела.

Српските медиуми повикувајќи се на порталот Internacionale noticias, пишуваат дека нозете на Вољенка Или биле врзани со сива лента, а пронајдено е и црно-сино јаже за вежбање. На главата и биле врзани тегови со селотејп трака, а на главата имала и бел превез.

Истрагата е во тек, а полицијата не исклучува дека можеби не се работи за самоубиство.

Да потсетиме, Вољенка Илиќ учествуваше во седмата сезона на „Парови“, а во текот на деведесетите беше популарна пејачка и танчерка. По учеството во реалното шоу, таа се пресели во Доминиканската Република.