Српскиот Парламент денеска или утре на седница треба да ја констатира оставката на премиерот Вучевиќ
Пратениците во српското Собрание денеска ќе ја продолжат расправата за останатите точки од дневниот ред на првата пролетна седница, по што се очекува да биде констатирана оставката што премиерот Милош Вучевиќ што ја поднесе на крајот на јануари поради инцидентите во Нови Сад.
Неизвесно е дали оставката ќе биде констатирана до крајот на денот или в среда, бидејќи не се знае колку ќе трае расправата за неколкуте преостанати точки на дневниот ред.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека парламентот може да ја потврди оставката на премиерот на 17 или 18 март кога почнува рокот од 30 дена за формирање влада. Вучиќ во таа прилика ја спомена и опцијата за распишување избори – доколку не се формира влада, ќе се одржат нови избори, најверојатно на 1 или 8 јуни.
Првата редовна пролетна седница започна во вторник, на 4 март, кога и покрај инцидентите беа усвоени голем број законски предлози.
На 13 март, во продолжението на првата редовна пролетна седница, српскиот парламент усвои повеќе од 20 точки на дневниот ред, главно финансиски законски предлози и меѓудржавни договори и договори.