СРПСКИОТ СВЕТ ПРОПАЃА ВО “ВОДА“ !? Најверниот соработник на Александар Вучиќ и човек на Владимир Путин во Србија бил принуден да поднесе оставка поради Урсула фон дер Лајен ?
Еден од најверните соработници на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, директорот на српската разузнавачка служба (и поранешен министер за одбрана и внатрешни работи) Александар Вулин, поднесе неотповиклива оставка од местото прв човек на БИА.
Александар Вулин веќе подолго време „ужива“ во санкциите што му ги воведоа САД, а во Белград е познат како еден од водечките луѓе на Владимир Путин во Србија, што наводно не му се допаѓа и на самиот Александар Вучиќ. Во соопштението за медиумите, Александар Вулин наведе дека САД и ЕУ ја бараат неговата „глава“ како предуслов за да не се воведат санкции кон Србија.
Да потсетиме, од почетокот на руската агресија врз Украина, Александар Вулин веќе двапати ја посети Москва, каде се сретна со министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, како и со најважниот разузнавач на Владимир Путин, Николај Патрушев. Александар Вулин е слика и пример на агресивниот, примитивен и авторитарен режим на Александар Вучиќ и еден од водечките промотори на т.н. „српскиот свет“, односно обидите за реанимација на освојувачката политика на Слободан Милошевиќ и Меморандумот на САНУ.
„Не добија санкции против Русија, не добија српско признавање на Косово, но добија една српска глава. Одбивам да станам дел од антируската и антисрпската хистерија поради каква било позиција, да престанам да се грижам за Република Српска и нејзиниот опстанок и да престанам да верувам во неизбежноста на обединувањето на Србите и создавањето српски свет, одбивам да се откажам од политиката на воена неутралност и братство со Русија и Кина“, наведува Александар Вулин во образложението на својата оставка.
Тој го прогласува Александар Вучиќ за претседател не само на Србија, туку на сите Срби, а зборуваше и за правото на Србите на единствена држава:
„Белград мора да ги собере сите Срби во себе и околу себе, а претседателот на Србија мора да биде претседател на сите Срби“, нагласува Александар Вулин.
„Јас не сум причина за уцени и притисоци врз Србија и српскиот свет, но нема да дозволам да станам причина за такви уцени и притисоци. Затоа поднесувам неотповиклива оставка од функцијата директор на БИА“, вели Александар Вулин.
Тој додаде, дека санкциите што му беа наметнати се доказ за неговата упорна борба за единство на Србите.
„Воведувањето санкции против Србија, за кои би се искористило моето понатамошно раководење со БИА, би било доказ за мојата себичност“, изјави Александар Вулин.
Се чини, според некои аналитичари, на ова работела Урсула фон дер Лајен, претседателката на ЕК, која неодамна беше во Белград. Причината веројатно е вмешаноста на БИА во инцидентот во Бањска, кога српска паравоена група се обиде да изврши „револуција“ на северот на Косово, а потоа во престрелката загинаа еден косовски полицаец и четворица српски напаѓачи.
Александар Вучиќ, очигледно воден од доказите за вмешаноста на Србија во тој терористички чин, се одлучил на овој потег, односно на жртвување на Александар Вулин за да покаже дека тој, наводно, соработува. Освен тоа, му пречеше и Александар Вулин, бидејќи не знаеше до каде и каква е неговата поврзаност со Русите.
„Од нас се бара да го признаеме Косово, да ја напуштиме Република Српска и да воведеме санкции кон Русија, од нас се бара да престанеме да бидеме суверена земја и нација. Доколку се согласат на ова, следното барање би било протерување на кинеските инвестиции, безусловна технолошка и економска зависност од Запад, како и продолжување на политичкото и територијално распаѓање на Србија и прифаќање на западните вредности за кои не е место во традиционалното семејство и нација, а на крајот ниту за социјална правда“, напиша Александар Вулин.
Токму оваа изјава, како и „враќањето“ на Воисалв Шешељ во политичката орбита, покажуваат дека Александар Вучиќ се определил за „цивилизираниот“ Исток, а апелот до Запад беше само шарена лага.
Ќе биде интересно да се види каде Александар Вучиќ ќе го „засолни“ Александар Вулин и каква улога му одреди во предизборната кампања, која ќе биде безмилосна и жестока, со удари под појасот. Оваа оставка секако е дел не само од надворешните притисоци, туку и од изборната игра на Александар Вучиќ. Имено, тој сака апсолутна победа на изборите, а како добар „оператор“ сигурно нема да го остави Александар Вулин без работа.