ССМ: За кратко време ќе имаме заедничко решение за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор
За кратко време ќе имаме заедничко решение за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор
„Мислам дека за многу кратко време ќе дојдеме до заедничко решение, што и како ќе се случува со платите на вработените во јавниот сектор, за колкав процент ќе пораснат и дали ќе има исплатата на регресот за годишен одмор и колкав ќе биде. Министерството за финансии треба да ги направи дополнителните пресметки во текот на денот и да ни ги достави за да можеме да донесеме одлуки на нашите органи и тела“,
рече Трендафилов.