ССМ: Срамно е што во 21 век молиме за плата, во наредните денови ќе го радикализираме протестот

Сојузот на Синдикати на Македонија (сСМ) апелира до челниците на ЈП „Македонски шуми“ и Владата да не си играат со судбината на 1.800-те вработени во јавното претпријатие и да им обезбедат плати, во спротивно предупредуваат на радикализација на протест и негово префрлање на Владата .

„Денеска 30 подружници од цела Република се собраа пред ЈП ’Македонски шуми’ за да го изразат својот револт бидејќи веќе два месеца нема плати. Не се проблем само платите, туку и теренскиот додаток кој не е исплатен и луѓето се принудени да одат на работа. Во меѓувреме, штрајк во претпријатието, луѓето се во маргините на работа, додека не си ги извршуваат обврските, затоа што се лути на раководството, директорот и нивните раководители како и на сите претставници на Владата бидејќи сите добиваат Зголемување на платата за 80 отсто, додека тие што немаат земено два месеца“.

Доаѓа третиот месец и ако денеска се даде плата, се уште нема да имаат здравствено осигурување“, порача првиот човек на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, Иван Пешевски на денешниот протест пред дирекцијата на ЈП „Македонски шуми“ и додаде дека целиот проблем е кај претставниците на Владата и раководството.

Како што рече, ставот на раководството на јавното претпријатие е дека зимскиот период е секогаш тежок и праша дали е тешко како може да набават нови возила и да потрошат милиони, а притоа да не ја осигураат платата на вработените.