Ставете го овој зачин во вашиот шампон и нема да верувате што ќе се случи! Трик за побрз раст на косата кој докажано делува
Со помош на само една состојка, каранфилче и малку труд, можете да имате пополна коса.
Лесно можете да примените едноставен трик за побрз раст на косата и поголем волумен, веќе по следното миење.
Треба само да додадете каранфилче во шампонот за коса. Вашата коса ќе биде посјајна и поквалитетна и ќе расте побрзо.

Каранфилчето, зачин кој често го користиме поради неговиот уникатен вкус и мирис, може да послужи и како корисен додаток за здравјето на косата.
Додека обично го користиме за готвење, во кинеската медицина се користи како лек за надуеност и болки.
Исто така, чајот од каранфилче го забрзува метаболизмот, што помага во процесот на слабеење.
Каранфилчето е богато со витамин Е, магнезиум и калциум, кој благотворно делува на зајакнување на фоликулите на косата и го поттикнува растот на косата.
Покрај тоа, го прави скалпот почист, што е особено корисно за оние кои се борат со проблеми со сува или мрсна кожа на главата.
За да го подготвите овој специјален шампон, ќе ви требаат вообичаениот шампон што го користите и каранфилче, кое може да биде во форма на пудра или цели парчиња.
Еден цвет од каранфилче има 10 грама. Во 100 ml шампон можете да додадете едно или неколку каранфилчиња.
Ако користите цело каранфилче, мора да го згмечите за да го ослободите есенцијалното масло.
Загрејте ја водата, внимавајте да не е премногу жешка и во неа додадете каранфилче, па оставете ја смесата да отстои 15 до 20 минути.
После тоа, процедете ја смесата и измешајте ја со шампон.
Користете го овој специјален шампон како и секој друг, а првите резултати на вашата коса ќе ги забележите по неколку миење.