Стадионот на Реал Мадрид се трансформира во невиден инженерски проект (фото/видео)

Стадионот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“ во последните години е трансформиран во невиден инженерски проект во кој архитектурата, технологијата и спектаклот се надополнуваат едни со други.

Завршните работи на ентериерот се во голема мера завршени, а фокусот сега се префрла на надворешноста на стадионот, пишува Марка во насловот „Трансформацијата на Бернабеу“.

Фасадата на „Бернабеу“ ќе биде обложена со алуминиумска обвивка која ќе содржи 10.000 LED RGB светла, така што стадионот ќе свети, ќе ги менува боите и ќе создава подвижни ефекти.

Некои од светлата веќе се инсталирани на кулите Кастелана и Конча Еспина, а првите тестови може да се видат и надвор од стадионот.

Надворешното осветлување ќе спречи и расејување на внатрешната светлина за време на ноќните натпревари, а паралелно се врши и одржување на подвижната кровна конструкција каде што е инсталирано осветлувањето.

Нов LED прстен ќе биде инсталиран во внатрешноста на стадионот помеѓу вториот и третиот прстен на трибините, а планирано е тој да биде клучен за создавање целосна визуелна синергија во внатрешноста на Бернабеу.

LED прстенот ќе се користи за прикажување динамична графика, светлосни ефекти и рекламни пораки, дополнително подобрувајќи го искуството на гледачот.