Стаклен мост се крши под нозете на туристите? Туристичка атракција како од хорор филм

Паника на стаклен мост во Кина предизвика бурни реакции кога туристите помислија дека мостот им се крши под нозете. Но, локалните власти набрзо објаснија дека станува збор за специјални ефекти, наменети да го привлечат вниманието на посетителите.

Стаклен мост во Кина предизвика паника кај туристите кога почна да им „пука“ под нозете. 

Откако поминал водичот на групата за туризам, на површината на стаклото се појавиле пукнатини придружени со звук на кршење.

Еден од туристите паднал на колена и врескал од страв , додека другиот, кој бил во непосредна близина, мирно продолжил да чекори.

Мост по кој поминуваат само најхрабрите 

Снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи, поради што локалните власти реагираа. Официјални лица од областа, во која се наоѓа мостот, за медиумите изјавија дека станува збор за специјални ефекти.

Стаклото што се „крши“ е всушност панел со посебна технологија, поставен на неколку места на мостот за да го привлече вниманието на туристите и дополнително да го подобри нивното искуство.