СТАНАЛ МИЛИОНЕР И НА 22 ГОДИНИ РАЗМИСЛУВА ЗА ПЕНЗИЈА: Еве како се збогатил и што ги советува оние кои планираат ПРИВАТЕН БИЗНИС
Американецот Хејден Боулс го напуштил средното училиште на седумнаесет години, а само пет години подоцна, на 22 години, станал милионер и се пензионирал.
На YouTube го следат 300 илјади луѓе, додека на TikTok има 100 илјади следбеници. Тој често споделува совети на социјалните мрежи за тоа како изградил бројни бизниси во тинејџерските години, пишува Daily Mail. Боулс заработи милиони преку инвестирање во недвижнини и онлајн курсеви за dropshipping и реклами на TikTok.
„Почнав да заработувам значителни приходи од мојот бизнис кога имав 17 години, во индустријата за е-трговија. Сè уште работам, сакам да работам, но сум технички пензиониран поради парите што ги заработив од недвижнини“, објасни тој.
Тој додаде дека парите што ги добива од претходните инвестиции го плаќаат неговиот животен стил. Компаниите на Хајден продолжиле да растат и да отвораат нови филијали, а младиот претприемач заклучил дека богатството е разликата меѓу приходите и расходите и дека нема одредена бројка што ќе одреди дали некој е богат.
Не жали што не отишол на факултет
Откако го напуштил училиштето на 17-годишна возраст, тој ја основал платформата Ecom Season, која нуди низа курсеви кои чинат до 575 долари. Во едно од видеата тој изјави дека не жали што не отишол на факултет бидејќи искуството е сосема слично.
„Ги правите сите глупави работи што ги правите на факултет, но одите 20 нивоа подалеку бидејќи сите имаат пари“, рече тој.
Тој тврди дека до 20-тата година ги зголемил приходите за четири пати во однос на заработката на 17-годишна возраст, па на дваесет години веќе заработувал милион долари. Сега тој вели дека собрал повеќе од 20 милиони долари преку зделки фокусирани на е-трговија. Тој им порача на следбениците да избегнуваат повеќекратни потфати и да се фокусираат на една работа што сакаат да ја прават долгорочно.
Инфлуенсерот редовно споделува фотографии од неговите луксузни патувања и одмори низ САД, како и фотографии од скапи автомобили и приватни авиони.