Банкарските резерви се зголемуваат, инфлацијата забавува, додека стабилноста на банкарскиот сектор дополнително се зајакнува, се забележува во Извештајот за кредитниот рејтинг на земјата на агенцијата „Стандард и Пурс“ во кој ја наоѓа оценката „ ББ-“, со поглед стабилна.
Како што информираат од Народна банка, во делот во кој Агенцијата го оценува отпорот на економијата да се соочи со надворешни шокови, се наведува дека во декември минатата година девизните резерви се зголемени на ниво од околу пет милијарди евра, главно како резултат од откупот сл девизи од страна на Народна банка. Очекувањата на Агенцијата се тие да бидат стабилни уште повеќе, меѓу другото поддржани и со директни странски инвестиции.
Од Агенцијата посочуваат дека за 2024 година просечната инфлација во земјава забави и од 20 отсто достигна 3,5 отсто.
Агенцијата нагласува дека и покрај минатите кризи, банкарскиот сектор е зајакнат, што се гледа од историски високата стапка на адекватност на капиталот од 19 отсто во третиот квартал од 2024 година и ниската стапка на нефункционални кредити од 2,9 отсто крајот на ноември 2024 година.
,,Народната банка продолжува со мерките за зајакнување на финансиската стабилност, преку зголемување на степенот на антицикличниот слој на капитал и интервенции во задолжителната резерва во девизи“, се наведува во Извештајот.