Станија ја дочека зората водејќи љубов во шумата! „Признавам, жешка сум во сексот!“

Старлетата Станија Добројевиќ откри дека еден од најнеобичните мајски денови го поминала во природа – водејќи љубов со своето момче во шумата.

– Еднаш дечко ми и јас го прославивме празникот криејќи се меѓу дрвјата. Водевме љубов и се погриживме никој да не нè види. Признавам, жешка сум во кревет, но само кога има љубов и хемија – изјави Станија за Информер.

Станија откри дека годинашниот Ден на трудот ќе го помине на Фрушка Гора, а се потсети и на претходните прослави.

– Порано славев во шумата со пријателите. Денот пред тоа ќе одевме на кампување, ќе спиевме под отворено небо, ќе уживавме во логорскиот оган, музиката и скарата. Додека живеев во Америка, таму го славев Први Мај неколку години – додаде таа.