Стапи на сила прекинот на огнот во Либан! Израелската армија го предупреди Либан да не се враќа на југот на земјата (фото)

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи на сила рано утринава, откако синоќа го објави американскиот претседател Џо Бајден.

Би-би-си јавува дека примирјето официјално започнало во четири часот по локално време.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го предупредија населението во јужен Либан да не се враќа во областа.

Британскиот медиумски сервис јавува дека имало прекугранична размена на оган пред да се воспостави прекин на огнот.

Хезболах соопшти дека нивните единици лансирале беспилотни летала врз Израел минатата ноќ, додека ИД изврши воздушни напади во Бејрут откако го повика населението таму да се евакуира.

israel-hezbollah.jpg

Би-Би-Си потсетува дека пред речиси два месеци израелските војници извршија копнена инвазија на Либан, што беше одговор на ракетните напади на Хезболах кои траеја речиси една година.

Во меѓувреме, повеќе од 3.500 луѓе се убиени во Либан, милион луѓе се раселени, а голем дел од земјата е во урнатини.

Се вели дека прекинот на огнот во Либан нема директно да влијае на војната што Израел ја води во Појасот Газа.