Бизарна приказна доаѓа од градот Мурбад, во индиската држава Махараштра, каде што голема група луѓе наводно натерале 75-годишен маж да оди по жар.
На социјалните мрежи кружи видео од инцидентот, снимено на 4 март, а мажот е обвинет за „вештерство“.
На видеото се гледа бос маж како „игра“ на жар, додека околу него стои поголема група мажи. Некои од нив имаа стапови во рацете.
Во некои култури „одењето по оган“ се смета за тест на чистота и отпор.
Драмата траела неколку минути, по што 75-годишникот паднал на земја. Луѓето си разотидоа, а семејството го пријавило случајот во полиција.
Мажот бил пренесен во болница, каде лекарите му укажале тешки изгореници на стапалата и грбот.
Инспекторот Прамод Бабар од градската полиција рече:
„Во неговата куќа влегле 15 до 20 луѓе и го извлекле. Потоа го натераа да оди по жае. Го тепаа, а некои викаа: „Ти практикуваш црна магија““.
Надлежните најавуваат дека истрагата е во тек, а дел од жителите се задржани во станица на распит.