Прометот на автомобили на сите гранични премини во Република Македонија со соседните земји се одвива нормално, без застои. Од полноќ автомобилите се пуштаа според одредбите од Преспанскиот договор со кој повеќе не важат пасошите и документите за меѓународна употреба кои го носат старото име на Република Македонија.
Грчките гранични служби на граничниот премин Богородица – Евзони не им дозволија влез на патници од РСМ, кои имаат сообраќајни дозволи со старото име на државата. Тие се вратиле, а покрај сообраќајните дозволи, детално проверувале и други документи. На овој граничен премин до 12 часот поминале околу 300 патници.
Според билатералниот протокол со Албанија, сообраќајот се одвива нормално со валидни документи и возачки дозволи и регистарски таблички и без знакот НМК. Според информациите граничниот премин Ќафасан, со соседна Албанија, од страна на Македонија е дозволен излез на граѓани со стари ознаки без додавање северна и не се вратени, односно дозволен е премин и од страна на албанските гранични служби.
На тој граничен премин од полноќ до 10 часот од државата влегле и излегле вкупно 837 патници.