“СТАРИ ПРИЈАТЕЛИ” – Путин и Џинпинг ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој од денеска е во посета на Москва ќе разговараат за предлогот на Пекинг за запирање на конфликтот во Украина, соопшти Кремљ.
„На овој или оној начин, прашањата покренати во планот (на Пекинг) за Украина ќе бидат разгледани за време на преговорите. Сеопфатни објаснувања ќе даде претседателот Путин“ за руската позиција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Украинските власти ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина, неколку часа пред посетата на Џинпинг на Москва. Тоа е негова прва посета на тој град по инвазијата врз Украина.
„Формула за успешно спроведување на „мировниот план“ на Кина. Првата и најважна точка е предавање или повлекување на руските окупациски сили од (украинската територија) во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН“,напиша на Твитер секретарот на Советот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов