Старлета со биста на слон предизвика хистерија на плажа! Од големината на нејзините гради боли глава
Контроверзната британска старлета и некогаш успешна манекенка, Кејти Прајс (46) отиде на одмор на Кипар со своето момче и ги покажа неверојатните резултати од нејзината неодамнешна пластична операција во најситните бикини.
Мајката на пет деца привлече воздишки и зјапања кај присутните туристи, но и кај локалното население, бидејќи горниот дел од портокаловиот костим за капење едвај ги држеше нејзините екстремно бујни гради.
И покрај тоа што е банкротирана, Кејти Прајс се чини дека не знае за своите финансиски проблеми додека ужива на одмор со својот партнер Џеј Џеј Слејтер, кој публиката го памети од американското реално шоу „Оженет на прв поглед“. А вниманието секако го украдоа нејзините бујни гради кои ги оперираше по 17-ти пат, како и новото затегнато лице од 12 илјади евра кое го „рафинира“ во Турција.
Секако, британската ѕвезда на ТВ екранот и различните формати на содржини не планира да застане тука, бидејќи боледува од телесна дисморфија, состојба која претставува своевидно ирационално незадоволство од сопственото тело.
По освежувачкото пливање, Кејти се врати кај нејзиниот убавец Џеј Џеј, кој изгледаше како целосно да ужива во времето со манекенката. Таа се наведна за бакнеж додека излезе од водата и блажено го впиваше сонцето на лежалката.
Кога станува збор за градите, намерата на Кејти Прајс е јасна и изјавила дека сака да ги има најголемите гради во Велика Британија.
Докторот повеќе не сака да ја оперира
По нејзината 17-та операција за зголемување на градите, д-р Јаја Пракаш од Лондон, која ги направи првите две операции, за британски „ Мирор “ откри како завршила нивната соработка и зошто се обидел да ја спречи поранешната манекенка да продолжи со операциите на градите.
– Се познавам со Кејти од 1996 година. Првиот пат кога влезе сакајќи да ги зголеми градите, што и го направив, таа беше среќна. Таа се врати сакајќи уште една операција, што ја направив повторно. Но, таа дојде по трет пат, но јас ја одбив, бидејќи изгледа дека е зависна од операциите. Таа е мала, ситна дама. Секогаш ѝ велев дека верверица не треба да има гради на слон – објаснил пластичниот хирург.
Инаку, лекарите јавно ја предупредуваат Кејти дека може да „умре на операционата маса“ доколку продолжи со бројните операции.