Старо римско верување вели дека секој дом кој го има ова растение е заштитен: Злите сили ќе го заобиколат вашиот дом (фото)

Во 9 век, Карло Велики инсистирал ова растение да расте во неговите кралски градини, бидејќи верувал во неговите магични својства.

Се верува дека рузмаринот служи како еден вид амајлија, па секој дом што го има ќе биде заштитен од злото.

Римските свештеници користеле рузмарин како темјан во сите верски церемонии, а со децении се користи како заштита од негативната и лошата енергија што некој се обидува да ја внесе во вашиот дом.

Се верува дека рузмаринот привлекува пари и просперитет во домот, па затоа секоја куќа мора да го има. Можете да го носите и во вашиот паричник.

Закачете неколку гранчиња рузмарин над влезната врата за да ја заштитите куќата од провалници и да спречите навлегување негативна енергија. Се верува дека служи како еден вид амајлија, па секој дом што го има на ова место ќе биде заштитен од злото.

Рузмаринот е ефикасен за подобрување на меморијата и за таа цел се користи во форма на есенцијално масло.

Неговиот мирис поволно делува на нервните клетки, па е одличен и за релаксација. Поради оваа причина, се користи и при медитација.

Рузмаринот се поврзува со плодноста, па затоа се препорачува да чувате неколку гранчиња покрај креветот каде што спиете.