– Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави денеска заводот за статистика.
„Деветнаесет милиони или 23 отсто од германското население се или доселеници или двајцата родители им се доселиле во Германија“, се наведува во извештајот..
Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои се доселиле во Германија од друга земја по 1950 година. Од нив, 4,7 милиони или 5,7 отсто се потомци на директни доселеници.
Дополнителни 3,7 милиони жители имаат еден од нивните родители кој е доселеник, но според последните критериуми овие лица повеќе не се бројат како лица со мигрантско потекло.
Според податоците на Евростат, Германија е меѓу земјите на Европската Унија со најголем процент на доселеници меѓу жителите.
Рекордери се Малта (22,3 отсто) и Шведска (21,9 отсто), додека Бугарија, Романија и Полска имаат најмал удел на доселеници во вкупното население (под еден отсто).
Со оглед на тоа што објавените бројки се однесуваат на 2021 година, статистиката не ги вклучува бегалците од Украина, од кои само во Германија побегнале повеќе од милион.