Бразилскиот модел Алесандра Амбросио неодамна присуствуваше на гала настанот на модната куќа „Калзедонија“ во Милано.
Убавата Бразилка носеше интересна креација за оваа пригода, која ги привлече погледите и воздишките на многу посетители на овој настан. Како што може да се види од фотографиите од таа вечер, Алесандра носеше долг црн фустан кој ги истакнуваше нејзините гради, а интересен беше и црвениот детал на тоалетата.
Целото издание го комплетираше со црвени салони, а кога е шминката во прашање, светски познатата манекенка се одлучи за впечатлив црвен кармин и темни нијанси на сенки.
