Стајлингот на славната Бразилка не е за слабо срце, цела вечер мамела воздишки

Бразилскиот модел Алесандра Амбросио неодамна присуствуваше на гала настанот на модната куќа „Калзедонија“ во Милано.

Убавата Бразилка носеше интересна креација за оваа пригода, која ги привлече погледите и воздишките на многу посетители на овој настан. Како што може да се види од фотографиите од таа вечер, Алесандра носеше долг црн фустан кој ги истакнуваше нејзините гради, а интересен беше и црвениот детал на тоалетата.

Целото издание го комплетираше со црвени салони, а кога е шминката во прашање, светски познатата манекенка се одлучи за впечатлив црвен кармин и темни нијанси на сенки.

Фото: Profimedia