Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Белгија денеска во Брисел ќе има средби со премиерот Александар Де Кро и со кралот Филип.
Посетата ќе ја заокружи со посета на на белгискиот Сенат каде ќе се сретне со претседателката Стефани Д‘Ос, а претходно ќе има средба и со претседателката на Домот на претставниците на белгискиот Парламент Елијан Тилјие.
Пендаровски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски денеска ќе присуствува и на бизнис форум на кој пред белгиски компании ќе бидат презентирани можностите за инвестирање.
Вчера, Пендаровски заедно со Бектеши и Деспотовски се обрати и на бизнис форум во Антверпен на кој истакна дека Белгија е важен политички и економски партнер на Северна Македонија и една од првите држави која ги согледала можностите за инвестирање во Северна Македонија. Нагласи дека меѓу постои воспоставена мрежа на контакти меѓу бизнисите и соодветните институции, авио-линија меѓу Скопје и Брисел и дека во Белгија живее и работи македонска дијаспора, која може да биде клучна за поврзување на луѓето од двете земји.