Стево Пендаровски од Пустец: “Очекувам гласање за уставните измени во ноември“

На само два дена пред да почне собраниската комисиска расправа за уставните измени претседателот на државата Стево Пендаровски најавува засилени преговори во наредните неколку месеци меѓу власта и опозицијата со цел овој процес да заврши успешно.

Стево Пендаровски и денеска од Пустец со порака дека иако ставовите на партиите остануваат непроменети верува дека се уште има можност тоа да се промени во интерес на државата.

Стево Пендаровски

Во меѓувреме од владејачката СДСМ остануваат на савот дека се уште има време преку преговори да се промени нешто во законодавниот дом додека трае расправата која почнува наредната недела а му порачуваат на Христијан Мицковски ако сака да се изолира самиот себе нека не ја изолира државата.

Од ВМРО ДПМНЕ пак и денес велат остануваат на ставот дека нема да има уставни измени во овој владин состав и под бугарски диктат.

Собраниската комисија за уставни прашања стартува во вторник кога власта и опозицијата ќе ги вкрстат копјата за и против вметнување на бугарите во уставот и останатите етнички заедници кои до сега не биле дел од него. ВМРО ДПМНЕ веќе најавија дека ќе учествуваат на дискусијата бидејќи претседателот на партијата Христијан Мицкоски веќе посочи дека имаат забелешки на изготвениот текст од страна на работната група која ги правеше уставните измени а Владата ги одобри и испрати во собрание откако претходно без консултација со  опозицијата се обврзала на преговарачката рамка со Европската унија.

Изминатиот период земјава ја посетија и голем број на странски дипломати меѓу кои последна беше и „Вајмарската тројка“ кои имаа средби со власта и со опозицијата и изразија оптимизам дека политичките партии во Северна Македонија ќе ги надминат своите натпартиски интереси во корист на државните за да може земјата да продолжи евроинтегративните процеси да ги води заедно во пакет со Албанија во спротивно посочија дека ќе има раздвојување од пакетот и Северна Македонија ќе заостане во овој процес.

Пленарната седница на која најпрвин треба да се гласа потребата од уставни измени е закажана за на 18. август откако претходно ќе заврши расправата во уставната комисија која пак најмногу може да трае десет раборни дена.

И додека власта размислува како до 80 пратеници опозицијата пак го наметнува прашањето колку е стабилно и самото владино мнозинство по најавите дека и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити ќе ја официјализира новата партија кон средината на август неколку дена пред да почне пленарната седница за уставни измени. Изет Меџити веќе најави и плодна соработка со лидерот на движењето БЕСА, Билал Касами кој пак го повикуваше Арбен Таравари да излезе од власта и со заеднички фронт да ја победат ДУИ.