СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НЕМА ДА “ТРЧА“ ЗА ВТОР МАНДАТ – Претседателот стави точка на шпекулациите

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денес како „бомба“ изјави дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат.

Тој негативно одговори на новинарско прашање, без да даде дополнително образложение или причини зошто не сака да се вклучи во трката за претседател на државата.

Стево Пендаровски присуствуваше на „Отворениот форум за антикорупција“ што се одржува денеска во Скопје каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.

Инаку во понеделникот на лидерската средба во Собранието беше постигнат договор за претстојните избори следната година. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24. април, а вториот на 8. мај заедно со редовните парламентарни избори.