Стефан Богоев со коментар: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат и да молчат
Потпретседателот на СДСМ – Стефан Богоев попладнево на социјалните мрежи ја коментираше денешната седница во Собранието на која се верифицирани мандатите на пратениците, а на која Африм Гаши (коалиција ВРЕДИ) е избран за собраниски спикер.
Според Богоев, пратениците треба во Собрание да дискутираат, а не да молчат и да се сликаат.