– Американскиот Стејт департмент одобри продажба на крстосувачки ракети со долг дострел и соодветна опрема на Јапонија.
Во соопштението на Американската агенција за одбранбена и безбедносна соработка се наведува дека Стејт департментот одобрил испорака на 50 крстосувачки ракети со долг дострел „ЈАССМ-ЕР“ и придружна опрема во Јапонија, во вредност од 104 милиони долари.
Се додава дека до Конгресот на Соединетите Американски Држави е пратено известување во врска со одобрувањето на продажбата на Јапонија.
Доколку Конгресот не се спротивстави на одлуката, во рок од 30 работни дена администрацијата почнува преговори со државата за која е одобрена продажбата.
На крајот од преговорите, Владата на САД на таа земја ѝ дава понуда и ако понудата добие позитивен одговор, почнува процесот на набавка.