Стигнаа лоши вести за Израел: Застрашувачка изјава на вториот најлош противник – Хезболах е јасен: Целосно сме подготвени! (фото)
Либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, вели дека е подготвено да му се придружи на Хамас во војна против Израел кога ќе биде вистинскиот момент.
– Ние сме целосно подготвени! Кога ќе дојде време за акција, ќе ја преземеме – изјави заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем, на пропалестинскиот митинг во јужните предградија на Бејрут.
Хезболах, рече дека тој, „ќе внимава“ на американските воени бродови испратени во Средоземното Море во близина на Израел со цел да ја одвратат либанската милитантна група да го нападне Израел додека се бори против Хамас во Газа.
– Не нè интересираат вашите борбени бродови! Вашите изјави не се застрашувачки – рече Касем на митингот.
Израелската армија (ИДФ) објави дека од Либан била истрелана противтенковска наведувана ракета врз воена база во близина на селото Араб ел Арамше, на северот на земјата, а не долго потоа, ИД објави дека Израел возвратил и нападнал цели во Либан.
Вчера израелската армија испратила резервисти во градовите на границата со Либан, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на ИД.
– Израелските одбранбени сили објавија дека распоредиле резервисти во градовите на либанската граница за генерално засилување на војниците на северот на Израел – пишува весникот.
Што е Хезболах?
Западните земји, вклучително и САД, го сметаат Хезболах за терористичка организација. Иранската национална гарда го создаде Хезболах во 1982 година за да ја „извезе“ Исламската револуција и да се бори против израелските сили кои го нападнаа Либан.
Хезболах може да се пофали со прецизни ракети кои можат да ги погодат сите делови на Израел.
Водачот на Хезболах Саид Хасан Насрала во 2021 година изјави дека групата има 100.000 борци, а САД проценуваат дека Иран им испраќа стотици милиони долари годишно. Хезболах има длабоки врски со други милитантни групи поддржани од Иран во регионот, вклучувајќи ги палестинските фракции Хамас и Исламскиот џихад.
Откако Хамас изврши голем напад врз Израел во саботата, Хезболах изјави дека се „во директен контакт со раководството на палестинскиот отпор“.