Ќе се обиде да ја освои 24 Грен слем титула.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во саботата пристигна во Лондон и го одработи својот прв тренинг на терените на Ол Ингланд клубот, пред походот за осмата титула на Вимблдон.
Се сеќавам на вкусот и уште сум гладен – напиша најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во описот на видеото на Инстаграм на кое се гледа дека по пристигнувањето на Вимблдон повторно пробал трева.
На овој начин Ѓоковиќ симболично се присети на моментот кога го освои првиот Вимблдон, кој подоцна стана традиција, со оглед на тоа што подоцна уште шест пати го крена пехарот и секој пат го вкусуваше вкусот на познатата трева.
Потрагата по осмата титула на Вимблдон и 24. Грен слем започнува на 3 јули.