Стинг ги откажа концертите поради лоша здравствена состојба

Легендарниот Стинг одложи два концерта и настап на доделувањето на наградите на магазинот Bass поради лоша здравствена состојба.

Според странските медиуми, настапите биле откажани по препорака на неговиот лекар. Во врска со ова, 73-годишниот пејач го откажа своето појавување на церемонијата на доделување на наградите на списанието Bass, која требаше да се одржи во четврток, каде што требаше да добие награда за животно дело.

Исто така, тој ги одложи настапите во Феникс (Аризона) и Витленд (Калифорнија), кои требаше да се одржат до крајот на јануари.

Неговиот портпарол на социјалните мрежи ја потврди оваа информација и им порача на фановите да ги задржат оригиналните билети бидејќи ќе важат за новите датуми.

Стинг искрено се извинува за непријатностите и е благодарен за разбирањето на фановите“, стои во дел од објавата на Инстаграм.

Веднаш објавија нови датуми за овие градови, па така концертот во Витленд ќе се одржи на 28 мај, а концертот во Феникс ќе се одржи на 1 јуни. Инаку, следниот настап на Стинг би требало да го има на 8 февруари на стадионот Лукас Оил во Индијанаполис.

Неговите обожаватели во коментарите на Инстаграм му посакаа брзо закрепнување и се надеваат дека музичарот наскоро ќе им се врати на настапите.