Новиот министер за политички систем Иван Стоилковиќ за Канал 5 ги покажа списоците на кои се гледа дека иако над 90 отсто од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале и како Македонци за вештачки да се намали процентот. Голем дел не ни доаѓале на работа во министерството кое претходно го водеше тогашниот прв вицепремиер Артан Груби.
– Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.
Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции.
Околу националната структура според Стоилковиќ во самото министерство има вработено околу 56 отсто Албанци и околу 33 отсто Македонци, но меѓутоа кога ќе се направи увид во документите од тие 294 луѓе само 5-мина се Македонци. Албанци се декларирале како Македонци а има и еден случај каде еден се декларирал како Србин само да се вработи.
– 99 луѓе се изјасниле како Македонци иако очигледно припаѓаат на албанската национална заедница. Така да националната струкура на министерството е дека 91 отсто се припадници на една етничка заедница и 5 Македонци. За време на министерувањето на Артан Груби тука околу 3000 враборувања поминале на овој начин и се распоредени по државните институции, вели Стоилковиќ