Почитувани,
Повторно власта, владата, СДС, правда, МВР се кријат и немаат одговор за тоа што затворите станаа решето, во кое што остануваат само оние коишто немаат врска со функционери на СДС и со мафијата.
Почитувани,
Избеганиот од Шутка, Нафи Абдиовски со единствена затворска казна која што чека правосилност би излегол од затвор на 4 март 2040та година. 16те неправосилни пресуди се со единствена затворска казна од 17 години 6 месеци и 20 дена.
Нема Сектор за внатрешни работи во Македонија каде што Нафи не е баран за престап. Баран е од СВР Свети Николе, баран е од СВР Кичево, баран е од СВР Тетово, баран е од СВР Штип, баран е од СВР Струга, баран е од СВР Скопје.
Осуден на 8 месеци, повратник затвореник чека правосилност за 16 прекршоци и единствена затворска казна од 17 и пол години, спротивно на закон наместо во Идризово го носат во Шутка и му даваат оцена да биде во полуотворено одделение и човекот им избегал. Уште едно филмско сценарио, трилер за соработка на мафијата и на власта. И никој досега не превзел одговорност, ниту ќе има одговорност, ниту ќе има оставка. Случајот е сценарио, молкот тоа го потврдува.
Почитувани, доколку тоа не е така:
-Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски мора да одговори што бара во прегратка со овој човек, познат на сите СВР во Македонија? Но и да одговори за врските на Абдиовски со сите негови колеги.
-Министерот Љупчо Николовски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали и во кој дел соработувале? Можеби во делот со борба со корупцијата.
-Министерот за политички систем, Артан Груби мора да одговори за блискоста и евентуалната соработка со Абдиовски штом вака присно се фотографираат?
-Владиниот портпарол, Муамет Хоџа мора да одговори за блискоста со Абдиовски, очигледна од вакви срдечни фотографии направени срeде Влада?
-Советникот во владиниот кабинет, Љубе Бошкоски мора да одговори за врската со Абдиовски, дали му е соработник, дали му помага во привклекувањето на странски директни инвестиции?
-Владината служба мора да одговори колку пати Абдиовски бил во Влада, кој се го примил, за да Абдиовски има цело едно портфолио фотографии од владата внатре од кабинети, дури и од премиерскиот кабинет.
-Поранешниот владин портпарол, а сега член на кабинетот на Стево Пендаровски, Миле Бошњаковски, мора да одговори на што се должи блискоста и непосредноста со Абдиовски за заеднички фотографии во Влада? Дали можеби имаат фотографии и од посети на Абдиовски и на Вила Водно?
-Стево Пендаровски, исто така мора да одговори за релацијата со Абдиовски, како очигледен член на неговиот изборен штаб и заеднички фотографии?
– Довчерашниот министер, па владин советник, сега амбасадор во чекање, Едмонд Адеми, за амбасадорско место воМадрид мора да одговори кога го примил и за што разговарал со Абдиовски, колку се блиски за вакви фотографии да излегуваат од министерски кабинет кога беше министер?
-Томислав Тунтев но и Агенцијата за цивилно воздухопловство чии што директор е мора да одговорат што барал Абдиовски во директорскиот кабинет, каква врска има меѓу нив двајца, што работа има Тунтев со еден човек баран од сите сектори за внатрешни работи , наместо да работи и да ги заработи оние 3.300 евра плата месечно?
-Миле Зечевиќ но и СДС мора да одговорат за врските на генералниот секретар на СДС со Нафи Абдиовски, неговата улога во изборните процеси во Македонија?
-СДС и владината служба мора да одговорат и за врските на Абдиовски со Зоран Заев, фотографија во неговиот кабинет со Мила Царовска, долгогодишна министерка во владата на СДС.
-Понатаму, врските на Абдиовски со поранешниот генерален секретар на владата, Мухамед Зеќири.
-СДС и владата мора да одговорат на врските на Абдиовски со екс пратеникот, сега професот на факултет за безбедност, Павле Богоевски. СДС мора да одговори за фотографиите и блискоста на овој баран човек од сите сектори за внатрешни работи во Македонија, со поранешниот генерален секретар, Кирацовски, како и за редица пратеници, функционери, познати лица на СДС.
-Собранието, ама и ДУИ мора да одговорат што бара Талат Џафери да се фотографира со човек познат на сите СВР во државата?
Почитувани, оваа низа нема крај. Се работи за човек за кој што постои сериозни врски со СДС, со Владата, а има значително сериозно досие. И СДС повторно ќе глуми дека нема одговорност за неговото бегство, дека нема врска со него, ќе ги чува милениците директори, додека од затвор излегуваат сите кои што поседуваат владин фемили фото албум.
Со сите овие ликови, во пормонето на сите криминалци, ниту реформи ќе има, ниту правда во Македонија е можна. Затвор лежат само оние коишто не слугуваат на мафијата, оние коишто немаат врска со СДС и со ДУИ. Вакви бегства не се случајни, затоа потребна е сериозна истрага што се случува со затворите, а тоа невозможно со овие лица на власт. Бараме оставка и одговорност веднаш, прво од Филип Андов Сокол, директор на Шутка, а претходно советник на Заев, како и оставка од сите во владата.
Оставка, избори, па право и правда!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ