Столтенберг: Подготвен сум да се сретнам со Вучиќ, имаме сили на КФОР во Косово за да ја гарантираме безбедноста
Денеска во Вилнус, Литванија започна дводневниот состанок на лидерите на земјите членки на Северноатлантскиот договор (НАТО), додека пред почетокот на самитот шефот на НАТО Јенс Столтенберг зборуваше за тензичните ситуацијата на северот на Косово, каде повторно ги повика страните да се воздржат од какви било активности кои би можеле да ги зголемат тензиите.
Во настап пред медиумите тој беше прашан за барањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ за средба, додека Столтенберг рече дека е во редовен контакт со Вучиќ и е подготвен за средба.
Во редовен контакт сум со претседателот Александар Вучиќ и секако дека сум подготвен да се сретнам“, рече тој, пренесува Телеграфи.
Столтенберг рече дека се загрижени поради зголемените тензии во Косово и ги повика страните да се деескалираат и да се воздржат од какви било активности што би можеле дополнително да ги зголемат тензиите во регионот.
„НАТО е присутен на Косово, имаме сили на КФОР кои се таму за да гарантираат безбедност и стабилност на Косово и на луѓето што живеат на Косово“, рече меѓу другото шефот на НАТО.