Столтенберг: Холандскиот премиер Руте е „многу силен“ кандидат за шеф на НАТО

– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека верува оти холандскиот премиер Марк Руте е „многу силен“ кандидат да го наследи на чело на НАТО.

Столтенберг рече дека Руте има големо искуство како премиер.

„Затоа, јас цврсто верувам дека многу брзо Алијансата ќе одлучи за мојот наследник“, рече тој на прес-конференцијата во Вашингтон со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Мандатот на Столтенберг истекува на 1 октомври, по десет години на чело на НАТО, воено-политичка меѓународна организација.

Руте е премиер на Холандија од 2010 година.