Стотина години беа изолирани а потоа добија интернет: Племенските старешини се очајни, младите цел ден гледаат едно исто (ВИДЕО)

Тинејџери од далечно бразилско племе станале зависници од порнографија само неколку месеци откако племето добило пристап до брз интернет преку Starlink на Илон Маск.

Како што пишува британски Телеграф, народот Марубо, кој опстојува стотици години во мали колиби покрај реката Итуи во Амазон, во септември биле поврзани со сателитската мрежа на американскиот милијардер.

Заедницата, наведуваат понатаму, ја прифатила технологијата, воодушевувајќи се, меѓу другото, од можноста брзо да повикаат брза помош во случај на каснување од отровна змија, а исто така се среќни што можат да бидат во контакт со далечни роднини.

Но, имало и некои, да речеме, помалку посакувани последици од поврзувањето на интернет, пишува британски Телеграф.

Членовите на племето, предупредуваат оние кои комуницираат со нив, станале „мрзеливи“, лежејќи во хамаки, цел ден се „лепат“ на Вацап, озборуваат и разговараат со непознати на Инстаграм.

Млади мажи првпат се изложени на порнографија

Како што понатаму наведува Њујорк Тајмс, некои млади мажи се впуштиле во многу агресивно сексуално однесување откако биле изложени на порнографија за првпат во нивниот живот.

Луѓето од Марубо пораснаа во култура каде што дури и бакнувањето во јавност се смета за скандалозно, а сега споделуваат експлицитни видеа едни со други. Водач на здружението Марубо во блиското село, исто така, предупредува дека племенските членови престанале да разговараат со нивните семејства откако добиле пристап до интернет.

Еден од племенските старешини, пишува британски Телеграф, тврди дека сите биле многу среќни кога интернетот дошол во нивното племе, но сега работите од ден на ден се влошуваат.

„Тие станаа мрзеливи, ги учат обичаите на белците“, пренесува британски Телеграф.

Друг тврди дека племето сега е принудено да ги ограничи часовите што неговите членови можат да пристапат на Интернет бидејќи „дигитализацијата“ на племето толку многу ги променила рутините што неговите членови се мачат да ловат.

Па, ако не ловите и не садите – нема што да јадете!“, ги пренесува британски Телеграф зборовите на племенски старешина.