Стојановски: Состојбата на повредените во болницата „8 Септември“ е стабилна, раните од пожарот полека да зараснуваат
Состојбата на пациентите повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, хоспитализирани во болницата „8 Септември“ во Скопје, од витални параметри е стабилна. Заедно со екипи од специјализирани центри во странство се прават операции за отстранување на мртвото ткиво предизвикано од изгореници и се дава простор раните полека да почнат да зараснуваат, информира директорот на СПК „8 Септември“, Синиша Стојановски.
На денешната медиумска конференција во Владата тој нагласи дека утринава биле лекувани 15 пациенти, додека предвидено е вакви интервенции во текот на денот да се направат на уште тројца пациенти.
„Во овие неколку дена не само што беше следено потенцијалното влошување на состојбата на пациентите, туку беше неопходно да се интервенира и на повредите на оние пациенти кои не беа во критична состојба во првата фаза, ниту во животна опасност. Паралелно се развиваат процесите на тријажа и следење на пациентите мед“, рече Стојановски.
Интервенциите, како што рече, се вршат поради обемот, поточно големината на процентот на телото зафатено со изгорениците, а не поради тоа што се во животно загрозувачка состојба.