Морничави сцени се случија пред натпреварот од 14. коло од француската Лига 1 меѓу Нант и Ница, а епилогот е мртов домашен навивач кој бил нападнат од хулигани на гостите.
Тој беше прободен во грб кога група хулигани нападнаа од заседа конвој возила во кои навивачите на Нант се движеа кон стадионот „Де ла Божоа“.
Ги кршеле стаклата на автомобилите, направиле хаос, а најлошо поминал еден навивач на Нант, кој бил прободен со нож во грбот, по што починал во локалната болница.
На лице место реагирала Брза помош, која го пренела во медицинска установа, но лекарите по неколку часа констатирале смрт.
Осомничените за убиството се уапсени, пренесува „Л’Екип“. Убиениот навивач имал само 31 година.
Фудбалскиот клуб Нант изрази неверување и жалење за загубениот живот, како и искрено сочувство до семејството на починатиот навивач.