Страотната бура носи сè пред себе: Популарното туристичко место на удар, наредена итна евакуација – има мртви (ВИДЕО)

Моќниот, но бавен тајфун „Канун“, пропратен со силен ветер, оштети далноводи во јапонската префектура Окинава, популарна туристичка дестинација и остави околу 200.000 домаќинства без струја, а досега е забележан еден загинат и 11 повредени.

Загина маж кој остана заробен под урната гаража и набргу потоа доживеа срцев удар, се вели во соопштението на Агенцијата за борба против пожари и природни катастрофи, пренесува Ројтерс.

Речиси 700.000 жители на оваа префектура, која се наоѓа на околу 1.600 километри југозападно од јапонскиот главен град Токио, добија предупредување да се евакуираат.

Невремето се движи кон северозапад со брзина од 10 километри на час, се наведува во соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).